Белешка за заштитата на приватноста и правна поука

 

Политика за заштитата на приватноста

AB Volvo (publ) и Volvo Truck Corporation го ценат вашиот интерес за нашите производи и вашата посета на нашиот веб-сајтhttp://www.volvotrucks.com/

Оваа белешка за заштитата на приватноста и правната поука е општа за веб-сајтот на Volvo Group. Меѓутоа, можат да постојат и дополнителни информации за заштитата на приватноста на одредени веб-сајтови на различните компании од Volvo Group или на веб-сајтовите на Volvo Group кои обезбедуваат специјални функции

 

Лични податоци

 

Во Volvo Truck Corporation се трудиме да ви дадеме колку што е можно поголема контрола врз вашите лични податоци. За нас e важно да се чувствувате пријатно при посетата на нашиот веб-сајт. Во одредени моменти можат да ни затребаат ваши лични податоци. Сите лични податоци што би ни ги дале (вклучувајќи ја, но не ограничувајќи се само на неа, и вашата e-mail адреса) се користат за следниве цели:

Доколку ни дадете лични податоци со цел да добиeте информации од нас (на пример, брошури и каталози), ние ќе ги собираме и ќе ги складираме тие податоци. Овие информации ни овозможуваат да го исполниме вашето барање за информации. Доколку прегледувате или преземате информациите, ние ја следиме вашата посета. Ова е корисно за да ви обезбедиме соодветни информации и да добиеме информации за тоа кои делови од сајтот се најпосетувани, со користење на cookies, погледнете подолу.

Собраните или складираните информации за вас ги употребуваме само во рамките на Volvo Truck Corporation.

Веб-сајтот може да содржи линкови за веб-сајтови кои не се дел од Volvo Truck Corporation веб-сајтовите. Volvo Truck Corporation не презема одговорност за практики за заштита на приватноста на тие веб-сајтови.

Доколку имате прашања во врска со тоа како ние ги процесираме вашите лични податоци (на пр. име, e-mail адреса), можете да ја контактирате Volvo Truck Corporation. Податоците за контакт со Volvo Truck Corporation се дадени на крајот од оваа страница. Доколку кој било податок е неточен, вие имате право да го поправите. Исто така, вие имате право (со писмено барање и со личен потпис, еднаш годишно и бесплатно) да добиете информација од нас, меѓу другото, и за тоа кои ваши лични податоци ги процесираме и зошто.

 

Cookies

 

На веб-сајтот на Volvo Truck Corporation се користат cookies. Cookies се мали текст-фајлови кои содржат текстуална информација што се складира во вашиот компјутер. Нашата цел при користењето на cookies е да се подобри користењето на сајтот за вас, како посетител.

На веб-сајтот на Volvo Truck Corporation се користат три вида cookies, и тоа следниве:

1.        Првиот вид трајно складира фајл во вашиот компјутер, кој служи за ажурирање на веб-сајтот со новите информации што се ставени на него по вашата последна посета. Информациите од веб-сајтот кои не биле изменети по вашата последна посета се вчитуваат локално од вашиот компјутер, со цел побрзо да се отвори веб-сајтот.

2.        Вториот вид, наречен session cookies, се користат додека сурфате на веб-сајтот. Тие отпочнуваат привремен трансфер на информации меѓу вашиот компјутер и веб-сајтот. Session cookies не се трајно складирани во вашиот компјутер и исчезнуваат кога ќе ја исклучите програмата за пребарување на вашиот компјутер.

3.        Третиот вид се користи за статистички цели, т.е. за да се добие информација за тоа колку посетители имало на разните делови од нашиот веб-сајт.

Освен ако не е конкретно наведено, Volvo Truck Corporation никогаш не ги користи cookies со цел да добие лични податоци, како што е вашето име, e-mail адреса итн. Оттука, сите информации добиени со користење на cookies се обработуваат на анонимна основа.

Доколку не го прифаќате користењето на cookies од страна на Volvo Truck Corporation на нашиот веб-сајт, можете да ја конфигурирате вашата програма за пребарување за таа да ги отфрли cookies со модификација на поставувањата и преференците на програмата за пребарување. Меѓутоа, поради технологијата што се користи на нашиот веб-сајт, тој нема правилно да функционира без употреба на cookies.

Правна поука

Белешка за авторските права

Содржината на веб-сајтот е авторско право на © 2002 AB Volvo (publ) Göteborg, Sweden (или на неговите подружници,онаму каде што е така назначено, и/или неговите соработници со лиценца). Сите права се задржани.
Забранета е репродукција, трансфер, дистрибуција или складирање на информациите од веб-сајтот, вклучувајќи ги - но не ограничувајќи се на нив - и текстот, сликите и звукот, освен за строго приватни потреби или ако не е поинаку назначено, без претходна писмена дозвола од AB Volvo (publ). Изречно се забрануваат какви било измени на содржината на веб-сајтот.

Одредени делови од веб-сајтот содржат слики за кои нивните провајдери поседуваат авторски права. 

Заштитни знаци

Доколку не е поинаку назначено на веб-сајтот, прикажаните ознаки, логоа и амблеми на корпорацијата, на пример симболот покажан подолу, подлежат на правата за заштитен знак на Volvo Trademark Holding AB и/или на AB Volvo (publ) (или на неговите подружници).  

Без гаранции или застапувањa

ИНФОРМАЦИИТЕ НА ОВОЈ ВЕБ-САЈТ СЕ ДАДЕНИ "ТАКВИ КАКВИ СЕ". ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ VOLVO GROUP НЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ПРЕД КОЈА БИЛО СТРАНА ИЛИ ЗА КАКВА БИЛО ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА СПЕЦИЈАЛНА ИЛИ ДРУГА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ШТЕТА ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ ВЕБ-САЈТ, ИЛИ НА КОЈ БИЛО ДРУГ ХИПЕРЛИНКУВАН САЈТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО - БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ - СЕКОЈ ИЗГУБЕН ПРОФИТ, СЕКОЈ ПРЕКИН ВО БИЗНИСОТ, СЕКОЕ ГУБЕЊЕ НА ПРОГРАМИ ИЛИ НА ДРУГИ ПОДАТОЦИ ОД ВАШИОТ ИНФОРМАТИЧКИ РАКОВОДЕН СИСТЕМ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН, ДУРИ И КОГА СМЕ ИЗРЕЧНО ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВА ШТЕТА.

Volvo Group не дава гаранции и/или застапувања од каков било вид за другите веб-сајтови до кои можете да пристапите преку овој сајт. Такви гаранции и/или застапувања се даваат само формално и тие не значат дека Volvo Group одобрува или прифаќа каква било одговорност за содржината или за користењето на таквите веб-сајтови. Уште повеќе, вие треба сами да презмете мерки на претпазливост и да се осигурите дека она што ќе го одберете за ваша употреба не содржи такви нешта како што се вируси, црви, тројански коњи и други нешта со деструктивна природа.

Информациите на овој веб-сајт можат да содржат технични непрецизности или печатни грешки.

Информациите што ги содржи овој веб-сајт можат да бидат изменети во кое било време, без претходно известување или обврска за известување.

Информациите што се објавени на веб-сајтот можат да содржат упатувања или референци за производите, услугите и др. на Volvo Group, коишто не се објавени или не се достапни во вашата земја. Точноста на таквите информации не може да се гарантира, особено поради тоа што овие информации подлежат на измена, конкретни барања или достапност, и таквите референци не значат дека Volvo Group има намера да ги објави овие производи, услуги, итн. во вашата земја. Контактирајте го вашиот локален дилер за нарачка и за комплетните детали во врска со производите, услугите, итн. кои ви се достапни. 

Коментари,прашања или сугестии

Ве молиме, имајте предвид дека секоја информација, непобарана сугестија, идеја или друг предлог нема да се сметаат за доверливи и сопственички. Со испраќањето на каква било информација или материјал, вие му давате на AB Volvo (publ) и на Volvo Group неограничена и неотповиклива дозвола за користење, репродукција, прикажување, изведба, модификација, пренос и дистрибуција на тие материјали или информации и, исто така, се согласувате дека AB Volvo (publ) и Volvo Group можат слободно да ја користат секоја идеја, концепт, знаење или технологија што сте ни ја испратиле, за која било цел.

Специфичен софтвер ставен на располагање на веб-сајтот

Секој софтвер што може да биде ставен на располагање за преземање од овој веб-сајт ("Софтвер") е дело со авторски права на AB Volvo (publ) (или на некоја од неговите подружници) и/или на неговите снабдувачи.

Користењето на Софтверот е уредено со условите од договорот за лиценца на крајниот корисник, доколку постои таков, којшто оди со или е вклучен во софтверот ("Договор за лиценца"). Доколку не е поинаку дефинирано во Договорот за лиценцата, софтверот може да се преземе од веб-сајтот и може да се користи само од страна на крајниот корисник. Секоја репродукција или редистрибуција на софтверот што не е во согласност со Договорот за лиценцата, може да резултира со граѓански и со кривични казни.

БЕЗ ДА СЕ ОГРАНИЧИ ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНОТО, ИЗРЕЧНО СЕ ЗАБРАНУВА КОПИРАЊЕ ИЛИ РЕПРОДУКЦИЈА НА СОФТВЕРОТ НА КОЈ БИЛО ДРУГ СЕРВЕР ИЛИ ЛОКАЦИЈА ЗАРАДИ ПОНАТАМОШНА РЕПРОДУКЦИЈА ИЛИ РЕДИСТРИБУЦИЈА.
ГАРАНЦИЈАТА НА СОФТВЕРОТ, ДОКОЛКУ ВООПШТО ЈА ИМА, Е ВО СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЛИЦЕНЦА. СО ИСКЛУЧОК НА ОНА ШТО СЕ ГАРАНТИРА ВО ДОГОВОРОТ ЗА ЛИЦЕНЦА, СО ОВА VOLVO GROUP ГИ ОДРЕКУВА СИТЕ ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ПОВРЗАНИ СО СОФТВЕРОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ГАРАНЦИИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ, СООДВЕТНОСТА ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, ТИТУЛАРОТ И НЕПРЕКРШЛИВОСТА - КОИ СЕ ПОДРАЗБИРААТ.

 

Контакт

 

Доколку имате прашања за горепретставениот дел, не двоумете се да го контактирате AB Volvo (publ) преку  Volvo Truck Corporation страницата за контакт

 

 

© copyright AB Volvo 2009