Skip to content

Запишете се за вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да бидете известени преку e-mail и/или мобилен телефон кога Volvo Trucks ќе објави вест на оваа главна страница? Ве молиме подолу да ги внесете вашето име, името на компанијата, e-mail адресата и/или бројот на мобилниот телефон.
Со штиклирање на квадратчето овозможувате Volvo Trucks да ги забележи вашите лични податоци и да ги користи за цели што се однесуваат на вашето барање.

Отпишете се од вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да се отпишете од "Најновите вести". Ве молиме подолу внесете ја вашата e-mail адреса и/или бројот на мобилниот телефон, потоа притиснете на копчето Отпиши (Unsubscribe).

2009-07-30 Единствен систем за стабилност на компанијата Volvo Trucks

Во 2008 година компанијата Volvo Trucks беше првиот производител во светот кој го претстави подобрениот ESP систам (Програм за електронска стабилност) кај ги стабилизира и камионите и приколките. Новиот Volvo ESP систем може да послужи за сите – од трактори до камиони со повеќе приколки. Голема корист од оваа нова верзија е што покрива голем дел од транспортот на опасни материи, како што е превозот на гориво.

 

На несреќи со само едно возило, каде што камионот се превртува или излетува од патот, отпаѓаат пола од сите камионски несреќи каде што има загинат или посериозни повредени.

„Смалување на ризикот од несреќи со превртување и ситуации каде што камионот и приколката доаѓаат во V позиција е една од најважните мерки за смалување на бројот на несреќите", вели Карл-Јохан Алмквист, новиот директор за сообраќај и безбедност на производот во компанијата Volvo. „Ние сме среќни што овој систем можеме да го понудиме на нашите модели FE, FM и FH, така да повеќе купувачи имаат можност да ја искористат предноста на овој систем".

Сериозните несреќи од овој вид исто така носат големи економски последици  во вид на штета по камионот, приколката и товарот.

„Решението за ESP е одлично решение за транспортната фирма. Симулацијата од сценарио на судар и физичките тестови со и без ESP, покажуваат дека овој систем ги подобрува сите проучени сценарија на превртување и излизгување", вели Мартин Палминг, менаџер на проектот ESP.

ESP реагира со брзина на молња

ESP е контролиран од компјутер кој прима информации од неколку извори, вклучувајќи ги и сензорите за АВЅ во сопирачкиот систем, управувачкиот систем и жироскопот. Со користење на овие информации како основа, компјутерот може веднаш да утврди дали камионот ќе се преврти или ќе се излизга. ESP реагира директно со поединечно сопирање на едно или повеќе тркала, на камионот или на приколката. Ако е потребно, системот исто така може да го намали бројот на вртежите на моторот.

Во ситуација на излизгување, главна реакција е поединечно сопирање на тркалата, каде што системот сопира тркало или тркала кои нудат најдобар потенцијал за да возилото безбедно се врати на курсот.

Во ситуација на излизгување на лизгав пат и во сценарио со висок ризик возилото да се преврти, ESP реагира така што ги смалува бројот на вртежите на моторот за да се намали брзината на камионот и сопира поединечни тркала за да се стабилизира целото возило.

30 јули 2009 год.

Web TV link:

http://volvo.qbrick.com/index.aspx?cid=2&mode=3&mid=352

Александра Марковиќ Трајковски,
e-mail: aleksandra.markovic-trajkovski@volvo.com

esp08image/pjpeg986 Kb
esp10image/pjpeg996 Kb
esp11image/pjpeg169 Kb
esp12image/pjpeg188 Kb
esp13image/pjpeg181 Kb
esp7image/pjpeg1.08 Mb
esp9image/pjpeg1.09 Mb
« Најнови вести од Volvo Trucks
© copyright AB Volvo 2007