ART има објавено повеќе од 1.500 истраги на камионски несреќи во изминатите години. Тоа генерираше база на податоци за вештачење која е од непроценлива вредност во работата на компанијата Volvo за безбедноста. Покрај тоа, соработката со други земји и разни органи резултираше со размена на информации на понапредно научно ниво.Истражувањето на компанијата Volvo со тоа помогна да се подобри нивото на безбедноста на комерцијалните возила ширум светот.
Фокусирање на активната безбедност
Целта на работа на Екипата за истражување на несреќи е да ја подобри пасивната и активната безбедност. Истражувањето на пасивната безбедност има за цел последиците од несреќата да се намалат што е можно повеќе, додека активната безбедност се фокусира на избегнување на несреќата.
„Многу постигнавме кога е во прашање пасивната безбедност во камионите. Сега фокусот е на активната безбедност и спречување на несреќи. И тоа е затоа што знаеме дека човечкиот фактор стои позади дури девет од десет несреќи", вели Ана Вриг.
Три основни работи
Во принцип, работните методи на оваа група можат да се објаснат со помош на три прашања: Каков е редоследот на несреќата? Зошто доаѓа до несреќа? Што може да се направи за да се спречи несреќата?
„Наша цел е да ги идентификуваме и документираме главните причини за несреќите. Оваа информација ни дава јасна слика за големите безбедоносни проблеми кога во прашање е современиот сообраќај. Меѓутоа, компанијата Volvo Trucks не може сама да ги реши овие проблеми. Потребно е добро развиена соработка помеѓу сите заинтересирани страни - производителите на возила, безбедоносните организации и самото општество, објаснува Ана Вриг.
Селекција на сите податоци
Архивата на екипата за несреќи содржи и малку познати податоци како на пример:
- Впрочем, само 10 до 15 проценти од лицата кои го губат животот или се сериозно повредени во камионските несреќи се во камионот. Помеѓу 55 и 65 проценти од нив се во автомобилите, а помеѓу 20 и 30 проценти се незаштитените учесници на патиштата.
- Во фронтален судар на камион и автомобил, во девет од десет случаи, возачот на автомобилот е тој кој отишол во погрешната страна од патот.
- На несреќи во кое има само едно возило каде што камионот ќе се преврти или слета од патот отпаѓа пола од сите жртви или сериозно повредени во камионските несреќи.
- 20 проценти од камионските несреќи во кои е вмешано само едно возило, предизвикано е од поспаност на возачот.
Интеракција со незаштитените учесници на патиштата
Материјалот на Екипата за истражување на несреќи исто така опфаќа податоци за многу несреќи кои веројатно би можеле да се избегнат по пат на поголема интеракција помеѓу возачите на камиони и ранливите учесници на патиштата како што се велосипедистите и пешаците.
„Ние имаме голема одговорност за тоа на возачите на камиони да им се даде најдобра можна видливост на целиот круг. Тоа се прави со подобри огледала и камери. Меѓутоа, важно е другите учесници на патиштата да научат да разбираат колку на возачите на камиони им е тешко да ги видат од нивната висока позиција позади стаклото", вели Ана Вриг.
Со работа уште од 1969 година
Екипата за истражување на несреќи во Volvo, наполнува 40 години во оваа 2009 година. ART, кој во почетокот беше наречен Комисија за истражување на несреќи, е формиран во 1969 година да истражи и да го зголеми знаењето за камионските несреќи кои доведуваат до физички повреди.
Тогаш, слично како и денес, членовите на екипата во смени дежураа да идат на местото на несреќата во реонот на Гетеборг за да ја истражат и документираат несреќата. Оние кои се случуваа подалеку од Гетеборг исто така се проучувани, но дури после несреќата. Клучен дел на процесот на истрага е разговор со возачот на камионот за да се дознае како тие ја доживеаа несреќата и ситуацијата непосредно пред тоа.
„Истражувањето во почетокот се фокусирало на лицата во камионот. Денеска ние работиме од целосна перспектива која вклучува секого кој бил вмешан во несреќата која ние ја документираме", заклучува Ана Вриг.
4 август 2009 год.