Skip to content

Запишете се за вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да бидете известени преку e-mail и/или мобилен телефон кога Volvo Trucks ќе објави вест на оваа главна страница? Ве молиме подолу да ги внесете вашето име, името на компанијата, e-mail адресата и/или бројот на мобилниот телефон.
Со штиклирање на квадратчето овозможувате Volvo Trucks да ги забележи вашите лични податоци и да ги користи за цели што се однесуваат на вашето барање.

Отпишете се од вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да се отпишете од "Најновите вести". Ве молиме подолу внесете ја вашата e-mail адреса и/или бројот на мобилниот телефон, потоа притиснете на копчето Отпиши (Unsubscribe).

2009-09-21 Камиони кои изгледаат живописно

Функцијата, квалитетот и сигурноста се цврсто во средиштето на вниманието кога се развиваат нови камиони. Но како што конкуренцијата расте, важно е и да се издвојуваме од масата. „Бојата се развива како важен елемент во воспоставувањето на перцепција за некој бренд“, вели Карина Бајстром, дизајнер за бои и материјали во Секторот за дизајн во компанијата Volvo Trucks.

 

Може да се помисли дека на дизајнерот за бои животот бргу му станува здодевен во индустријата каде што белата е главна надворешна боја. Бидејќи така стојат работите - повеќето камиони ја напуштаат фабриката со кабини обоени во бело.

Меѓутоа, Карина Бајстром и нејзините колеги во Volvo Дизајн Центарот играат сé поважна улога.

Денешната брза трка во технолошкиот развој значи дека сите светски произведувачи на камиони вложуваат големи напори за унапредување на квалитетот.Добро промислен дизајн свртен кон иднината станува се помоќно конкурентско оружје, помагајќи да се креира индивидуална позиција, нагласувајќи го она единственото кај дадениот производ и она што брендот го претставува. Добар дизајн не е само тоа што се гледа на површина, тој пред се мора да ја соединува функцијата со формата. Дизајнот исто така може да ги изрази функционалните амбиции, на кои компанијата им дава приоритет.

„Ние помалку заостануваме зад автомобилската индустрија во тој поглед, но постојат јасни трендови во индустријата на камиони кои укажуваат на тоа дека дизајнот и бојата играат сé поважна улога во воспоставување на брендот" објаснува Карина Бајстром, дизајнер за бои и материјали во секторот за дизајн, во компанијата Volvo Trucks.

За автомобилската индустрија на пример, изборот на боја, веќе долго време е важен дел.

„Произведувачите на камиони менуваат две-три бои секоја година, една или две се додаваат или ги снемува, додека други, како сребрена, црна и бела остануваат на менито секоја година", вели Карина Бајстром.

Овие класични бои опстануваат. И покрај новите модни трендови во автомобилската понуда, каде зелената, р`ѓаво кафената и теракота се мешаат со нијанси на сива боја, околу 25 проценти од возилата на компанијата Volvo Cars (Volvo автомобили) се црни - иако клиентите можат да бираат помеѓу петнаесет различни бои за секој модел.

Меѓутоа кога се во прашање камиони, функционалноста има приоритетно значење. Камионите служат како работно место, канцеларија и спална соба истовремено, а за овој тип на возила се мора да функционира беспрекорно и услугата мора да биде врвна. Белата е сеуште боја која преовладува како боја за кабина, бидејќи е најефтина стандардна боја, но, и од други причини.

„Помеѓу 60 и 70 проценти од камионите кои ние ги продаваме се бели но има многу клиенти кои сакаат да ги обојат камионите во сопствени бои. Нашите клиенти обично сакаат сопствени корпорациски бои или сакаат да го декорираат камионот со лого знакови, шаблони или ленти", вели Карина Бајстром.

Фабриките за камиони имаат постојан сет на надворешни бои, за разлика од произведувачите на автомобили, кои ги отфрлаат старите бои. Во компанијата Volvo Trucks има помеѓу 450 и 500 рецепти за бои. Кога ќе  се добие некоја нарачка, добавувачот ја меша бојата што одговара, и ги испорачува саканите нијанси.

„Некои големи клиенти усвојуваат одредени бои за свои корпорациски бои. Тие купуваат многу камиони. После неколку години, тие купуваат нови камиони и нормално дека сакаат иста боја," објаснува Карина Бајстром.

Тоа е една од причините зашто камионската индустрија не размислува толку за модата како автомобилската индустрија. Покрај тоа, еден камион мора да трае многу години и мора да изгледа добро цело време. Од таа причина дизајнот е понеутрален, да кажеме како дизајнот на канцеларискиот мебел. Модата во облеката и куќниот мебел се менува побрзо - се исфрла старо, се внесува ново. Работа на Карина Бајстром и нејзиниот персонал во секторот за бои и материјали во компанијата Volvo Trucks е да ги идентификува долгорочните трендови. Боите кои тие ги бираат, за прв пат се појавуваат во кабините на камионите пет години подоцна.

Последен тренд за кабините за камиони моментално се метализирани бои.

„Во минатата и во 2009 година лансиравме околу дваесет нови метализирани бои. Имавме само неколку бои пред тоа, но приметивме поголема побарувачка за овие бои", вели Карина Бајстром.

Ентериерите исто така имаат боја која е одбрана со посебно внимание. Во ентериерот на Volvo камионите моментално доминира сивата боја.

„Размислуваме за бои со нешто потопли тонови, кои создаваат попријатна атмосфера, но истовремено сакаме да го задржиме нашиот скандинавски израз. Поради тоа нема да го понудиме оној вид на жолто-беж тонови кои може да ги  најдете на пример , кај американските и германските камиони", вели Карина Бајстром.

Таа и нејзините колеги добиваат инспирација од другите возила, од светот на дизајнот, куќниот мебел и од трговските сајмови. Тоа често започнува со идејата: повеќе сина во црвената боја, на пример. Потоа се контактира добавувачот за бои кој ги меша пигментите и испраќа примероци од бојата. Дали бојата е добра? Дали добро се прилепува  без премногу дополнителни слоеви на скапа боја?

Развојот на бојата е процес на константна тимска работа кој вклучува неколку групи професионалци. Секторот за дизајн во компанијата Volvo Trucks постојано растеше во изминатите десет години. Тој вработува дизајнери, административни работници, менаџери на проект и моделари. Може да се поверува дека економската криза и смалувањето на побарувачката на возила многу го погодуваат дизајнот и развојот. Напротив - дизајнот станува се поважен.

„Заедно со технологијата и развојот на производот во сферите како што се заштита на животната средина и безбедноста, дизајнот е еден од неколкуте важни фактори да се испорачаат конкурентни производи во иднината", вели Карина Бајстром.

 

1 септември 2009 год.

Александра Марковиќ Трајковски
e-mail: aleksandra.markovic-trajkovski@volvo.com

« Најнови вести од Volvo Trucks
© copyright AB Volvo 2007