Тестот во реални услови - на патиштата се реализира преку опсежен заеднички проект кој вклучува, помеѓу другото, Европската унија, Шведската агенција за енергетика, компаниите кои се занимаваат со гориво и транспортната индустрија. Целта е да се оцени потенцијалот на DME (ди-метил-етер) како гориво за возилата.
DME кој се произведува од биомаси, познати со името Bio-DME, има висока енергетска ефикасност и ниска емисија на гасови кои влијаат на глобалното затоплување на планетата (ефект на "стаклена градина"), и тоа со целиот циклус - од "изворот" до тркалото. Како сировина се користи пулпа (каша) - црна течност, енергетски богат, високо вискозен нузпроизвод на дрвната индустрија. Со користење на Bio-DME наместо дизел како гориво, емисијата на јаглен-двооксид се намалува за 95 проценти.
Компанијата Volvo Trucks учествува во овој проект со свој допринес од 14 Volvo Trucks FH камиони кои ќе бидат тестирани од одбрани клиенти на четири локации, во различни делови на Шведска, помеѓу 2010 и 2012 година.Нафтената компанија Preem ќе изгради пумпи за снабдување со тоа гориво, така што камионите можат да се користат во редовни регионални и локални работи. Прв камион кој ќе се тестира на терен се прикажува денес, во местото Питеа, каде што ќе биде производството на Bio-DME.
Ист учинок, минимална емисија Volvo DME користи регуларен D13 мотор кој, после неколку измени во резервоарот за гориво, системот за вбризгување и во софтверот за контролата на моторот, функционира совршено со биогоривото.
„Позади управувачот работата си е како и обично. Својствата на учинокот и возењето се исти како и кај дизел варијантите. Разлика и главна корист од Bio-DME е во неговата мала емисија на јаглен двооксид" вели Матс Френцен, раководител во одделението за мотори во компанијата Volvo Trucks.
Идеално гориво за дизел моторите
Во споредба со конвенционалниот мотор, Bio-DME како гориво во дизел моторот дава иста висока ефикасност заедно со пониско ниво на бучава. Процесот на согорување произведува многу ниски емисии на честички и азотни оксиди. Поради тоа можат да се користат поедноставни системи за пост третман на издувните гасови. Моторот исто така може да овозможи поголем вртежен момент при покренување на возилото и така да го подобри возењето. Кога се ќе се земе во предвид, тоа го прави Bio-DME идеално гориво за дизел моторите.
Промени на системотот за гориво
DME се полни во течна форма и се складиштува во резервоари под притисок во систем кој е отпорен на прокапување. Притисокот го држи горивото во течна состојба цело време до вбризгувањето. Технологијата на комон реил (common rail - "заедничка магистрала") се користи да создаде оптимален висок притисок на вбризгување. Ниската енергетска содржина на DME, само малку повисок од половина од оноа на дизелот од нафта, се компензира со поставување на поголеми резервоари.
„Приметуваме огромно интересирање за алтернативни горива кај нашите клиенти и сметаме дека Bio-DME нуди голем потенцијал. Тестот на теренот ќе трае три години, а следната еволуција ќе одреди дали овој проект ќе доведе до индустриско производство во полн обем", вели Клаес Нилсон, раководител на секторот за Европа во компанијата Volvo Trucks.
--------------------------
Податоци за возилото, Volvo DME камион
Резервоари: DME се полни како течност со специјална прскалка и се складиштува во течна форма во резервоарите.
Пумпа: специјалната пумпа за гориво го регулира притисокот во системот на комон реил вбризгување.
Инџектори (вбризгувачи): специјални DME вбризгувачи се развиени заеднички од компаниите Volvo и Delphi. Мотор: подвижните делови се идентични на оние од дизел варијантите.
Контрола на моторот: софтверот е изменет за да одговара на различната енергетска содржина.
Ова е DME (ди-метил-етер)
DME е гас но се претворува во течна форма под притисок од само 5 бари. Тој е едноставен за ракување во процес сличен на оној кој е потребен за течниот нафтен гас (LPG). Највообичаена примена е во спреј дозните. DME може да се произведува од земен гас, а истотака и од различни видови на био маси, и во тој случај е познат како Bio-DME.
Bio-DME - иден потенцијал
Од перспектива на Европската унија, Bio-DME има потенцијал да до 2030 година, во тешкиот патен транспорт, замени нешто повеќе од 50%* од денешниот дизел добиен од нафта. Најголем проблем е создавање инфраструктура за дистрибуција на ова гориво.
*Извор: EUCAR/CONCAWE/JRC 2005, Европска комисија, Volvo
Податоци врзани за заштита на животната средина, Bio-DME:
95% пониска емисија на јаглен-двооксид отколку кај дизелот, нулта емисија на честички од чад.
Генерално ниско ниво на емисии.
Пет пати подобра искористеност на земјиштето за производство на горивото отколку на пример, кај биодизелот.
Висока енергетска ефикасност во споредба со другите биогорива.
Податоци за камионите кои се тестираат на терен:
Модел: Volvo FH
Конфигурација: 6x2, 4x2
Мотор: MD13 440 KS, DME "3G", Euro 5
Web TV - http://volvo.qbrick.com/index.aspx?cid=2&mode=3&mid=366
18-ти септември 2009 година