Skip to content

Запишете се за вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да бидете известени преку e-mail и/или мобилен телефон кога Volvo Trucks ќе објави вест на оваа главна страница? Ве молиме подолу да ги внесете вашето име, името на компанијата, e-mail адресата и/или бројот на мобилниот телефон.
Со штиклирање на квадратчето овозможувате Volvo Trucks да ги забележи вашите лични податоци и да ги користи за цели што се однесуваат на вашето барање.

Отпишете се од вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да се отпишете од "Најновите вести". Ве молиме подолу внесете ја вашата e-mail адреса и/или бројот на мобилниот телефон, потоа притиснете на копчето Отпиши (Unsubscribe).

2009-10-14 Камион – суштина на функционален дизајн

Робусен, аеродинамичен, безбеден за возење, удобен за живот – а по можност и атрактивен за гледање. Дизајнерските барања на денешните современи камиони се меѓу најтешките во светот на дизајнот на производот. Значи, што сè е потребно да се исполнат тие барања? Асок Џорџ и Рикард Орел од Volvo дизајн центарот имаат одговор на тоа прашање

 

Алатка, статусен симбол, возило, средство за транспорт, подвижнo сместување  - камионот има илјада лица. Во зависност од личноста со кого разговарате, добивате различни погледи.

Возач кој вози полн камион по стрмните алпски патишта ја цени неговата снага, големина и широката внатрешност. Планерот кој е задолжен за зачувување на животната средина, сигурно би сакал да види многу поскромни и поаеродинамични камиони од оние кои моментално се на патиштата. Дете кое се подготвува да премине улица највероватно би сакал воопшто да нема камиони.

„Кога работиме на нов дизајн, во предвид земаме два вида на крајни корисници. Прво, имаме потрошувач, кој обично знае точно што сака. За да го привлечеме кон нашиот бренд, дизајнот мара да одразува одредени вредности и квалитети. Другиот краен потрошувач е општеството во целина. Камионите кои ние ги дизајнираме се користат насекаде. Ако луѓето не ги сакаат затоа што тие изгледаат застрашувачки или грдо, тие едноставно нема да функционираат во општеството. А тоа значи дека ние би биле неуспешни", вели Асок Џорџ, главниот дизајнер во дизајнерскиот центар на Volvo.

На местото каде што работи, во близината на Гетеборг, десетици дизајнери од целиот свет работат на креирање на тоа што во камионските кругови се смета за најдинамичен производ на светот: Volvo флотата на тешки камиони.

Дизајнирани со "илјада лица" за скоро исто толку намени, овие камиони ја претставуваат самата суштина на функционалниот дизајн - дизајн кој мора да функционира како во вид на содржина така и во вид на форма. Или, ако ја користиме терминологијата на Џорџ Асок "самообјаснувачки дизајн."

„Капакот на теглата изгледа како капак на тегла и е дизајниран така да се отвара на одреден начин. Не морате да читате упатство за употреба за да отворите тегла. На ист начин, изгледот на камионот мора да зборува за што е тој наменет и како се употребува," објаснува Џорџ.

За сега е доста јасно. Но работите стануваат многу комплицирани кога ќе го додадете контекстот во кој работат сите светски дизајнери на камиони. Како лаици можеме да паднеме во искушение "дизајнерот" да го замислиме како уметнички боем-генијалец на кого неограниченото мечтаење му помага да создаде нови линии и функционалности како од ракав.

Тоа би било многу погрешно.

Камионот го карактеризираат строги ограничувања кога е во прашање висината, ширината, должината и формата. На пример, да се одстапи од типичниот рамен преден дизајн кој денес е норма за европските камиони е нешто што не доаѓа во предвид.

„Нашата почетна точка е коцкеста кутија која е предвидена за транспорт на стока. Постојат детални стандарди кои регулираат сè - од димензијата на куќиштето за управувачот па до местата каде што треба да бидат сместени светлата и колку голема може да биде шофершајбната. И, се разбира, од витално значење е внатрешноста да биде што попространа и попрактична, а да во исто време надворешноста биде што помала и повитка", вели Рикард Орел, директор за дизајн во Volvo trucks и личност која раководи со операцијата на дизајнирање.

Бидејќи доаѓа од дизајнот на Volvo автомобили, а пред тоа од австралискиот произведувач на автомобили Holden, тој признава дека цврстите рестрикции кај денешните камиони понекогаш  ја прават работата на дизајнерот на камионот фрустрирачка..

„Имате многу повеќе слобода кога дизајнирате автомобили. Може да се случи да издизајнирате автомобил кој ќе се продаде во милион примероци, а надворешниот изглед да биде клучна причина која ќе ги привлекува купувачите. Тоа значи дека ресурсите и предусловите се на потполно друго ниво во споредба со работата на камионите", споредува Рикард, во исто време нагласувајќи дека силниот фокус на надворешниот дизајн не е секогаш и позитивна работа.

„Ризикот е сè  да се заврши во традиционален стил. Камионот е многу покомплексен од автомобилот. Постојат големи разлики помеѓу различни варијанти и конфигурации и бидејќи сè е поврзано со функционалните аспекти, самата наша работа е повозбудлива."

Со други зборови, дури и со стриктни ограничувања постојат можности за иновација. Ако внимателно го погледнете Volvo, навистина ќе видите дека тој се издвојува од толпата. Начинот на кој страничните линии се стопуваат со предниот дел, чистите панели, заоблените контури и класичниот профил - сето тоа означува дизајн кој е типичен за Volvo.

„Суштината е во креирање на нешто што изгледа и што се доживува како Volvo. Брендот е примарен дел за кој ние имаме јасна одговорност. Нашата работа се сведува на комуникација на клучните вредности на Volvo - животната средина, безбедноста и квалитетот - на најдобар можен начин. Volvo дизајнот очигледно е инспириран од скандинавската животна средина. Тој е едноставен, чист и јасен", вели Рикард Орел.

Значи, откаде професионалниот дизајнер ја црпи инспирацијата?

„Од секаде: од архитектурата, автомобилите, дизајнот на производите, бродовите, авто куќите...имам база на податоци од 70-80 гигабајти која константно ја обновувам и гледам", вели Асок Џорџ. Замолкна за неколку секунди па продолжи:

„Ако можете да мислите на крајниот купувач за време на дизајнерскиот процес, вие веќе имате пристап на најдобриот извор на инспирација кој постои. Само замислите дека создавате најдобра можна алатка за најпрофесионалниот возач на светот, а во исто време визуализирајте дете кое вози трицикл во дворот - со овие две слики не можете да погрешите!"

За Рикард Орел, барањата на животната средина како што се потрошувачката на гориво и алтернативните горива, ќе имаат најголемо влијание на дизајнот на камионите во иднина.

„Ние непрекинато работиме на подобрување на аеродинамичноста во стриктните граници кои ни се зададени. Фокусот е на оптимизација на радиусот на свиокот на панелите, ослободување од непотребните детали и работа на долната страна на камионот за подобрување на протокот на воздухот. Не се работи за тоа да камионот го направиме Ferrari. После сè, неговата работа е да носи тежок товар."

Александра Марковиќ Трајковски
e-mail:aleksandra.markovic-trajkovski@volvo.com

« Најнови вести од Volvo Trucks
© copyright AB Volvo 2007