Истражувачите кои се занимаваат со планирање на иднината тешко дека се познати по едногласноста за некое прашање, но во едно сите цврсто се сложуваат: светот се движи кон мега-град. Дури и денес повеќе луѓе живеат во урбано опкружување отколку во рурални области, а за 25 години дури 70 проценти ќе живеат во мега-градови. Се проценува дека во таа временска рамка густината на населението во светот ќе се удвои.
Оваа брза урбанизација значи дека светските урбанистички и регионални планери се соочуваат со огромни проблеми, и тоа во голема мерка кога се во прашање животната средина и климата, бидејќи градовите кои растат со голема брзина на нив поставуваат значителни оптеретувања.
Целта на Обединетите нации глобалното затоплување да се ограничи на два степени усвоена е како норма во овој контекст. Европската унија вети дека ќе ја намали емисијата на гасови кои произведуваат ефект на стаклена градина за 20 проценти пред 2020 година - а ќе го зголемат на 30 проценти доколку другите земји исто èтака ги заострат своите еколошки цели. Истиот овој тренд може да се види и на други места во светот.
На прашањето како денешните големи градски центри можат да продолжат да растат кога ќе се земат во предвид сè поострите цели, одговорните експерти одговараат со два збора: поголема густина. Бидејки буквално растеа со децении, големите градови на иднината ќе почнат сега да растат кон внатре, кон центарот.
„Со сè поголема густина на структурата на населението, луѓето имаат пристап на поголем број на услуги и на објекти во рамките на помал простор. Ова од друга страна ги намалува патните потреби и ја зголемува употребата на одржливите транспортни методи како што се одење и велосипедизам", вели Сверкер Хансон, инжинер за урбанизам и планер на транспортот во меѓународната консултантска институција Sweco. Тој продолжува:
„Исти предности од сè поголемата густина на населението можат да се видат кога е во прашање логистиката. Веќе постои тренд кон поголем број на дистрибутивни терминали во и околу големите градови. Со погусто населените градови во иднина ќе биде можно формирање на еден голем терминал за утовар и истовар по реон, со дистрибутивни камиони на електричен погон кои даваат услуги за испорака, точно на време - на домаќинствата и на компаниите.
Други трендови се координација на транспортот на големи далечини и дистрибутивниот транспорт и создавање на јавен транспорт за стока.
Меѓутоа, со сè поголемата густина на населението и сè повеќе промислени - оптимизирани во врска со прашањето за животната средина - урбаните центри нема да го решат вториот голем проблем со кој се соочуваат планерите: како ќе се снабдуваат идните мега-градови. Математиката е многу едноставна: повеќе луѓе значи и се поголема потреба за стока за широка потрошувачка и храна - и драстично зголемување на потребата за транспортот во градовите.
„Ние одиме кон ситуација во која многу наши резерви на фосилни горива, како што се нафтата и земјениот гас, ќе почнат да пресушуваат. Ова, како и сè поголемата побарувачка за енергија ќе доведе до сè поголеми цени на енергијата. Поврзано со прашањето за клима, тоа значи дека клуч за транспортот на иднината ќе биде енергетската делотворност" вели Ларс Мартенсон, директор за прашањата во врска со животна средина во компанијата Volvo Trucks.
Тој чувствува дека транспортната инфраструктура на иднината мора да се заснива на сè поголема сихронизација на сите постоечки транспортни методи. Бродовите, железницата и камионите - сите ќе мора да работат "рамо до рамо".
„Иднината е во широкиот низ на транспортните методи. Ние мораме да работиме на подобрувањето на синергијата помеѓу нив. Ова е област во која ние имаме значаен потенцијал за подобрување", објаснува Ларс Мартенсон.
Во областа на друмскиот транспорт веќе постои јасен тренд кон се поголеми и потешки камиони за долги далечини. И овие енергетски-интезивни транспорти се во фокусот на најновите стратешки напори на компанијата Volvo Trucks поврзано со заштита на животната средина.
Во единствениот проект за развој заедно со Европската унија, Шведската енергетска агенција, данскиот специјалист за хемикалии Халдор Топсом, петро-гигантите Total и Preem и произведувачот на био гориво Chemrec, помеѓу другите, во тек е и проект за развивање на потполно нов тип на биогориво: диметил етер или DME.
DME е гас кој се претвора во течност под низок притисок, што значи дека е релативно едноставен за користење. Денеска тој се користи за различни цели, помеѓу другото и како гас во распрскувачите, како гориво во запалките за цигари и како основна хемикалија во производството на пластика.
DME може да се произведува и од земјен гас и од неколку извори на биомаса, и во тој случај е познат како Bio-DME.
Како гориво во дизел моторот, DME дава исто толкава ефикасна стапка како и трдиционалниот дизел мотор, но со пониско ниво на бучава. Во процесот на согорувањето не се создава гар, така да може да се користи многу поедноставен метод за пост-третман на издувните гасови. Покрај тоа, моторот може да произведе поголем вртежен момент при стартирање, и така да ја подобри возната состојба.
Кога сè ова ќе се земе во предвид, Bio-DME е идеално гориво за дизел моторите.
Проектот на компанијата Volvo вклучува развој на DME од црната течност која е нус производ во шумарската индустрија. Заедно со фабриката Chemrec во местото Пите на север од Шведска, започна изградба на објект за одвојување на DME од црната течност добиена од блиската фабрика за целулозна маса. Хемикалиите за готвење, кои се произведени со гасификацијата на црната течност, потоа се враќаат во фабриката за целулоза, и така се создава затворен круг која дава енергетска ефикасност без конкуренција.
„Од производството на горивото до неговата употреба во моторот, DME е најефикасно постоечко биогориво. Секој хектар на земја произведува пет пати поголем транспортен опсег со DME во споредба со биодизелот" вели Пер Саломонсон, менаџер на проектот DME во компанијата Volvo Technology.
Со огромен процент (од 95%) помало влијание на животната средина отколку со конвенционалниот дизел од нафта, DME посебно е добар за транспорт кој троши многу гориво - што е точно оној тип на задачи за возење на тешки товари на долги далечини кои ќе ги снабдуваат растечките мега-градови на иднината.
Меѓутоа, тоа ништо не спречува, DME ако биде успешен, да се користи и за други цели.
„Бидејки DME може да се произведува од сите видови на биомаса, тој може да биде изводлив и за земји кои немаат некоја посебно развиена шумска индустрија. На пример, би можел да се користи и за други цели, а не само како гориво за возила. Во Кина на пример, DME се користи како адитив во течниот петролејски гас за употреба во домаќинствата", објаснува Пер Саломонсон.
Во рамките на овој проект, кој е започнат во септември минатата година и кој ќе се развлече во текот на вкупно четири години, 14 тест камиони ќе бидат направени за употреба на теренски тестови низ цела Шведска, почнувајки од летото 2010 година.
„Од холистичка гледна точка, DME е едно од горивата на втората генерација која најмногу ветува. Bio-DME проектот создава возбудливи нови можности за тестирање на DME во реални услови кај нашите редовни клиенти", вели Ларс Мартенсон, директор за прашања во врска со животната средина во компанијата Volvo Trucks.
Факти за DME
DME (ди-метил-етер) е гас кој се претвора во течност под низок притисок. Тој можe горе-долу да се користи како течниот петролејски гас (LPG). Денеска DME се користи како полнење во распрскувачите.
DME може да се произведува од земјен гас, а и од повеќе различни форми на биомаса. Според проценката на Европската унија, до 2030 година Bio-DME има потенцијал да замени повеќе од 50% од дизелот од нафтата кој денес се користи за патниот транспорт на тешките товари.
Кога Bio-DME се прави од биомаса преку црната течност во фабриката за целулоза, резултатот е 95 проценти пониска емисија на јаглен двооксид во споредба со фосилниот дизел. Истовремено тој е пет пати поефикасен од биодизелот во смисла на транспортните километри добиени од секој хектар на земја кој се користи за био-суровини.
Заедно со Европската унија, Шведската енергетска агенција, данскиот специјалист за хемикалии Халдор Топсом, компаниите Total, Preem и произведувачот на биогориво Chemrec, помеѓу другите, компанијата Volvo Trucks е вклучена во проектот за испитување на потенцијалот на Bio-DME како идно гориво за возилата.
Столб на проектот е постојката на Chemrec за гасификација во местото Пите. Тоа ќе ја зема црната течност од блиската фабрика за целулоза, ќе го екстрахира DME од црната течност, а после ќе враќа некои хемикалии од приготвувањето во фабриката за целулоза. Енергетската содржина од црната течност што денеска се употребува за греење и други цели, ќе биде заменета со други извори на биомаса, во форма на индустриски отпад кој не се користи во индустријата за хартија. Оваа биомаса се состои од шумски отпадоци како што се гранките на пример, кои моментално не се во потполност експлоатиран ресурс од шумите.
Во моментов, се прават 14 тест камиони, а од летото 2010 година тие ќе бидат тестирани на терен во редовна секојдневна работа од страна на клиентите низ цела Шведска. Preem ќе изгради станици за гориво така да камионите можат да се користат под потполно нормални работни услови.
5 октомври 2009 година.