За време на собирот на Евроските министри во градот Умеа, од 14-ти до 16-ти октомври, Volvo Trucks ја презентираше нивната многу успешна про-еколошки оријентирана работа во фабриката за кабини во градот Умеа. Веќе неколку години компанијата вложува средства со цел подобрување на ефикасноста во користењето на енергијата, а крајна цел е да за две години тоа биде CO2 неутрална фабрика со локално произведена енергија. Потрошувачката на енергија е намалена за 30% по произведена кабина во последните 10 години, додека во истиот период забележен е рекорден пораст во количината на производството.
"Зелениот" фокус од Умеа се протегнува на целата компанија Volvo и нејзините цели поврзани со животната средина, а тоа значи дека една од целите е да сите големи производствени постројки бидат CO2 неутрални до 2010 година.
„За нас, Умеа е одличен пример и симбол на нашата посветеност кон животната средина. Фабриката со години многу успешно се справуваше со проблемите за животната средина, генерираше високо иновативни решенија и со конкретни примери покажуваше дека од тоа има корист - и за компанијата и за околината", вели Ларс Мартенсон, директор за животна средина во Volvo Trucks.
Преполовена потрошувачка на пропан-бутан гас
Денеска, 90% од потрошената енергија е обновлива. Целта е 100%. Од 106 GWh енергија, која фабриката ја потроши во 2008 година, 13% е од пропанот, иако неговата потрошувачка е преполовена во однос на 2006 година. Пропанот, кој се користеше во печката во бојаџилницата заменет е со градско греење, па до денес тоа беше единствено фосилно гориво кое се користеше. Градското греење исто така ја замени и нафтата како гориво, така да емисијата на CO2 во околината е намалена за 8.000 тони годишно. Денеска енергијата се рециклира на ниво од 80 GWh годишно. Сега пропанот е заменет со DME кој се произведува од биомаса. Тоа е резултат на заедничкиот проект на Умеа универзитетот, Umeå Energi, Ö-vik Energi и Volvo Trucks. „DME проектот е добар пример како истражувањата, бизнисот и општеството заедно работат на изнаоѓање решенија кои навистина функционираат", продолжува Ларс Мартенсон.
Ладење со вода од замрзната река
Најспектакуларна заштеда на енергија е во фабричкиот систем за ладење. Во близината на реката Ума и фабриката на Volvo има подводна замрзната река која ја задржува истата студена температура и во лето и во зима. Студената вода се испумпува во преку два километри дугачки цевки до фабричкиот систем. Оваа вода се употребува во различни системи на ладење, а го замени и фреонот во повеќето фабрички погони за ладење. Најголем потрошувач на разладена вода се апаратите за намалување на влажноста во коморите за боење. Првите количини на вода од замрзнатата река стигнаа во фабриката пред една година и нејзиниот ефект на ладење изнесува 3.000 киловати.
Најчиста бојаџилница на светот
Работата на достигнување на цели поврзани со животната средина наложи и заштеда на енергијата и еколошки подобрувања во бојаџилницата. Бојаџилницата е модернизирана и производниот процес е поделен во неколку фази, што резултираше со намалена потрошувачка на бои и разредувачи и емисијата на испарување во околниот воздух. Во 1988 година емисијата на разредувачи во воздухот беше 70 грама по квадратен метар од кабината. Денеска тоа изнесува помалку од 10 грама, што е многу помалку од границата која ја пропиша Европската унија, а која изнесува 55 грама по метар квадратен.
„Што се однесува до емисијата на разредувачите во воздухот, ние сме најчиста фабрика во светот и намера ни е таа лидерска позиција да ја зачуваме и во иднина", вели Андерс Олаусон, директор за погони во Volvo Trucks во Умеа. „Имаме намера да продолжиме во нашата желба да бидеме подеднакви во влијанието на емисијата на животната средина и зачувување на енергијата. Гледаме дека тоа што го работиме е добро за околината, а во исто време да резултира со поекономично производство за нас", заклучува тој.
Факти
Volvo Trucks Umeå
Фабрика во северниот дел на Шведска која произведува кабини за Volvo моделите FH i FM
Обем на производство во 2008 година: 62.000 кабини
Број на вработени: 1.300
Максимален капацитет: 90.000 кабини во три производствени смени
Вкупна површина: 300.000 m²
Површина за греење: 163.000 m²
Вкупно потрошена енергија во 2008 година: 106 GWh