I-Sync е рачна менувачка кутија која е надопoлнета со софтвер за автоматско контролирање на степените на преносот. Исто како и I-Shift, I-Sync ја комбинира оперативната поузданост на рачната менувачка кутија и ниската оптовареност со возачката сигурност на автоматскиот пренос. Меѓутоа, додека I-Shift беше развиен за тешки типови на транспорт, I-Sync е направен за локален транспорт. Лансиран е во Volvo FL во пролетта 2008 година, и постигна голем продажен успех.
„За сега, повеќе од една третина од сите FL камиони се испорачани со I-Sync. Дистрибуцијата како работа има брз ритам и чести застанувања и поаѓања и многу клиенти сакаа автоматизиран менувач кој нуди удобно возење и пониска потрошувачка на гориво. Ние сега ја зацврстуваме нашата понуда со воведување на I-Sync и на поголемите FE модели", вели Андерс Белини, раководител на деловната единица за Volvo FL и FE во компанијата Volvo Trucks.
Оптимизиран за дистрибуција
Кај Volvo FE, I-Sync е комбиниран со Volvo седумлитарскиот мотор од 260 КС.
„Тоа е оптимална комбинација за локална дистибуција и кратки регионални дистрибутивни задачи. Вие добивате знак за предупредување од моторот заедно со течното и лесно менување на степените на пренос дури и во зачестените стоп-старт услови, како што е маневрирањето на мал простор", вели Клара Вернер Флоберг, раководител за производите Volvo FL и FE во компанијата Volvo Trucks.
Бидејки менувањето на степените на пренос е оптимизирано, I-sync исто така допринесува за подобра економичност во потрошувачката на гориво, а со тоа и на ниската емисија на карбон-диоксид.
Како и порано, Volvo I-Shift автоматизираниот пренос е достапен и на поголемите камиони од Volvo гамата, како што се FH16, FH и FM.
Volvo I-Sync за Volvo FE, факти:
- Автоматизиран пренос со 6 брзини (напред).
- Достапен на верзијата Volvo FE за дистрибутивен транспорт со цврста шасија 4х2 за вкупна маса до 18 тони.
- Произведен за Volvo D7 агрегат од 260 КС во Euro 5 конфигурација.
- Максимален вртежен момент 1.010 Nm
- Интервал на менување масло на секој 300.000 км.
http://icp.llr.se/CumulusE_Z/VTC_ImageGallery/Login2.jsp?assets=T2008_1698;T2008_1702;T2008_1567;T2008_1568.tif