На патиштата има сé повеќе возила, сите патуваме побрзо, затоа сигурноста е поважна од било кога. Таа е една од основните вредности за компанијата Volvo од самото основање на компанијата - од 1972 година. Кога во Volvo се почнува со работа на дизајнирање на камиони, безбедноста се гледа од две основни перспективи: пасивни и активни безбедности. Целта на пасивната безбедност е да го заштити возачот, патникот и другите од последиците од незгодата. Главно обележје на пасивната безбедност претставува кабината, која при судир ја апсорбира енергијата - со безбедоносна конструкција и со греда поставена под браникот. Целта на активната безбедност е да ја спречи незгодата. Активната безбедност ја карактеризираат системски компоненти како сопирачки, системот за управување и осветлувањата.
Безбедноста е многу важен фактор во одржувањето на камионите и автобусите во сервисите на Volvo. Затоа, под паролата Понуда на месецот, од 1-ви ноември до 31-ви декември 2009 година, во сервисот на Volvo Trucks во Скопје се нуди можност со заштеда од 20 проценти да се купат резервни делови за еден од највиталните системи во возилото - управувачкиот.
Во специјалната понуда се оригинални Volvo краеви на споните. Засилената заштитна гума и осигурувачот ја задржуваат маста за подмачкување на своето место многу подолго отколку краевите на споната од другите производители. Покрај тоа, фосфатинизираната навртка им дава соодветна цврстина и издржливост.
На сопствениците на Volvo камиони и автобуси со ист попуст - од 20 проценти, им се нуди и комплет за поправка на ракавецот на управувачката оска. Тој комплет е производ со висока прецизност, а го сочинуваат патентиран систем за лежишта и семеринзи, кои Volvo ги класификува како безбедносен производ од прва категорија. Содржи сé што е неопходно за инсталација