Како да се регулираат емисиите                    на издувните гасови

Влијанието на еден камион врз животната средина главно се состои од емисиите на издувните гасови. Нивото на емисии, од друга страна, е поврзано со потрошувачката на гориво, со квалитетот на горивото, техниката на согорување и со посттретманот на издувните гасови.

Посттретман на издувните гасови
Во споредба со другите мотори, дизел-моторот на нашите камиони е со висока енерегетска ефикасност. За време на согорувањето, нивото на температура е високо и има вишок на воздух. Согорувањето е речиси целосно. Нивоата на јаглеводородите и на јаглеродмоноксидот во издувните гасови се пониски во споредба со бензинските („ото“) мотори.

Од друга страна, дизел-моторот произведува повеќе азотни оксиди и честички во споредба со ото-моторот. Со следење на согорувањето може да се регулира рамнотежата меѓу јаглеводородите/јаглеродмоноксидот и азотните оксиди.

Квалитет на горивото
Дизел-горивото има повисока енергетска вредност од бензинот, но - од друга страна - содржи повисоки нивоа на сулфур и на ароматски јаглеводороди. Во овој момент, гориво со мал процент на сулфур може да се најде во Шведска, Финска и во Обединетото Kралство

Техники за чистење
Денес постојат неколку видa посттретман или чистење на дизел-моторите.

  • Еден вид користи филтри или замки за честичките, со што се намалува количеството на испуштените честички.
  • Вториот вид е каталитички конвертор што ги согорува издувните гасови во контролирани услови.

Волво, за камионите FL6 и FM9, нуди филтер за издувни гасови кој е комбинација од оксидирачки каталитички конвертор и филтер за честички. Филтерот ги намалува јаглеводорите, јаглеродмоноксидoт и честичките за 80-90%. Оваа техника за чистење бара гориво со мал процент на сулфур, односно дизел-гориво што содржи не повеќе од 50 ppm сулфур.

Новите технологии на мотори, кои ги задоволуваат строгите законски прописи, се: рециркулација на издувните гасови (EGR), која што денес се користи во САД за US02, и селективно каталитичко намалување (SCR).

© copyright AB Volvo 2009