Како да се оптимизира потрошувачката на гориво

Во Волво, ние постојано работиме на развивање на мотори и на возила кои имаат поголемо искористување на горивото. Бидејќи со намалувањето на потрошувачката на гориво ги намалуваме и емисиите на издувни гасови. Само како пример: во периодот од 1980 до 2001 година, ефикасноста на моторите и нормалната потрошувачка на гориво на 40-тонскиот камион Volvo F или FH12 на патиштата се подобрила за 25%.

Сепак, покрај дизајнот на возилата и на моторот, потрошувачката на гориво за транспорт на стока со возила зависи од голем број фактори, како што е факторот на товарот, возачот, опремата и временските услови.

Возачот и сопственикот
Иако отпорноста на воздухот, отпорноста на тркалање и спецификацијата на линијата на пренос на погонот ќе влијаат на вашата потрошувачка на гориво, сепак факторот товар, односно нивото на искористеност за поединечен транспорт, е факторот што ги прави најголемите разлики по тонкилометар.  Отпорноста на воздух, отпорноста на тркалање, методот на возење и квалитетот на патот, исто така, влијаат на потрошувачката на гориво. За една транспортна компанија, планирањето на рутата и факторот на товарање се од најголемо значење за намалување на потрошувачката на гориво.
 
Спецификација и опрема
Масата на композицијата и условите на патиштата по кои се вози возилото одредуваат кој модел е најсоодветен. Посилните мотори и поголемата маса на композицијата даваат поголема потрошувачка на гориво. Сепак, пресметано по тонкилометар, протрошувачката на гориво се намалува со зголемување на масата на композицијата. Различната опрема и дизајн, исто така, влијаат врз отпорноста на воздухот и, последователно, врз потрошувачката на гориво. Со вистински избор од самиот почеток, потрошувачката на гориво може да се намали и за повеќе од 10%.

Дополнителни факти за потрошувачката на гориво:

  • Постојаното возење по нагорнина и по удолнина или возењето во град со чести запирања може да ја зголеми потрошувачката на гориво за повеќе од 50%.
  • Возењето спроти ветер што дува дополнителни 10 метри/секунда може да ја зголеми потрошувачката на гориво за 18%.
  • Доколку има дожд или снег на површината на патот, се зголемува отпорноста на тркалање и потрошувачката на гориво може да се зголеми за 10-20%.
  • Намалувањето на брзината од 90 km/h до 80 km/h ја намалува потрошувачката на гориво за 6%.
  • Едно дополнително запирање на секои 10 km ја зголемува потрошувачката на гориво за околу 35%. 10 запирања и забрзувања на 10 km ја зголемуваат потрошувачката на гориво за 130%.
  • Потрошувачката на гориво може да се зголеми до 10%, доколку возилото не е редовно сервисирано и/или доколку во камионот се користат непроверени делови.
© copyright AB Volvo 2009