Намалувањето на влијанието на транспортниот сектор врз животната средина на долгорочно одржливо ниво, е еден од најголемите предизвици со кои се соочува автомобилската и транспортната индустрија.
Волво има долга традиција во работењето на еколошките прашања. Ние секогаш го дефинираме напредокот во хумана смисла: Не се работи само на тоа да се продадат повеќе камиони, туку да се продадат камиони кои ќе го намалат испуштањето на загадувачи и потрошувачката на гориво.
Нашите еколошки заложби не запираат овде. Го разгледуваме целиот циклус на траење на производот почнувајќи од екстракцијата на материјалите и движејќи се кон сe подобри и поодржливи методи за негово производство, работа, сервисирање и рециклирање.
На овој начин можеме да создадеме поефикасни и одржливи транспортни решенија.