Повторно користење на добрите материјали

Волво камионот е дизајниран на начин кој овозможува одделување и рециклирање на материјалите што се вградени во него. Околу 87% од камионот се напревени од метал, главно од железо и од алуминиум. Доколку се додадат пластичните компоненти и гумата, тогаш 85-95% од возилото ќе можат да се рециклираат.

Сите пластични компоненти што тежат повеќе од 50 грама се означени, за да се овозможи лесна идентификација на материјалот за целите на рециклирањето. Околку една третина (33% од тежината) од материјалите што се користат во нов камион се добиени од рециклиран материјал.

За поддршка на рециклирањето, на располагање се ставени прирачници за расклопување за речиси сите модели кои помагаат во утврдувањето на најдобриот начин за рециклирање на материјалите. Тие опишуваат како треба да се демонтира камионот и даваат објаснување за тоа како различните делови се кодирани со бои, за да се назначи материјалот од кој се направени.

© copyright AB Volvo 2009