Секој транспорт да се направи поефикасен

Сите знаеме дека постојат строги барања транспортната индустрија да ги намали емисиите од горивото. И бидејќи емисиите од горивото се директно поврзани со потрошувачката на гориво, најефективната краткорочна мерка е возилото да се искористи што е можно подобро.

Најдобриот дел е тоа што поефикасните транспорти не само што го намалуваат влијанието врз животната средина, туку значат и подобар проток во транспортот и зголемен профит за вашата транспортна компанија. Клучот за зголемена ефикасност на транспортот е во поголемите комбинации возила и во подобрата контрола врз протокот на транспортот со помош на мобилниот систем за информирање.

Дозволете ни да ви го претставиме Dynafleet, транспортниот информативен систем на Волво. Овој систем е внимателно развиен со цел да се заштеди време и пари за превозниците со кои имаме договор, и тој може да ја намали потрошувачката на гориво и емисиите за 5-15%, истовремено штедејќи време, намалувајќи ги трошоците за комуникација и правејќи го возењето побезбедно.

Прочитајте повеќе за Dynafleet користејќи го нагласениот линк од десната страна.

© copyright AB Volvo 2009