Назад во бучните 20-ти

За камионите и за камионскиот транспорт, 20-тите години на минатиот век беа период на брз напредок. Во почетокот на деценијата, камионите често беа опремени со системи со погон со синџир и со полни гуми.   Потоа, кога во далечната 1928 година од производната линија излезе првиот Волво камион, наречен "Серија 1", Шведска виде камион кој беше погонуван со оска, имаше пневматски гуми и во кој возачот беше сместен во целосно затворена кабина.

Но, камионот од Серијата 1 не беше моќен камион, имаше само скромен бензински мотор со четири цилиндри, кој даваше само 28 KS, и официјалниот товар беше ограничен на само 1.500 kg (половина од бруто масата на возилото). Сепак, основниот дизајн на овој ран камион беше доста цврст, така што луѓето често го користеа за пренесување на товар двапати поголем од законски утврдениот.

© copyright AB Volvo 2009