Лесните и средните камиони на Волво не беа многу модерни до 1932 година, бидејќи имаа сопирачки на две тракала и дрвени колски тркала. Стана јасно дека е потребен помал, помодерен камион. Како резултат на тоа сериите LV71 и LV73 на Волво се покажаа како многу популарни, до таа мера што за овие две серии камиони може да се каже дека го поставија Волво како главен извезувач на камиони во средината на 30-тите.
Сепак, најрадикалниот чекор на ерата беше поместувањето на моторот на камионот, кој нормално беше сместен зад предната оска, напред и над предната оска, со што во голема мера се подобри распределбата на товарот на оската. Резултат на тоа беа камионите на Волво LV8 и LV9, две многу популарни серии камиони кои станаа стандард за шведскте камиони во доцните 30-ти.