Во првата половина на 40-тите години на минатиот век, се разбира, доминираше Втората светска војна. Ова значи дека продажбата на цивилните камиони напредувала многу бавно. За среќа, воените клиенти се обратија до Волво и тој стана главниот снабдувач на шведските воени сили. За време на Втората светска војна беа испорачани илјадници "Roundnose" камиони, во стандардна изведба и со поедноставен дизајн, како и во изведба со погон на сите тркала.
"Roundnose" камионите, кои беа воведени како модели од "1940" кон крајот на 1939 година, се состоеја од широк опсег камиони што изгледале слично, но покривале голем број транспортни намени. На пример, предницата се испорачувала во најмалку три различни должини. "Roundnose камионите" се веројатно најуспешните Волво камиони до појавата на F камионите, од 70-тите години па наваму.