Динамичен период

Веројатно ниту една друга деценија не придонела повеќе за развојот на камионот колку 50-тите години на минатиот век. Бензинските мотори и првите дизел-мотори со согорување во преткомората биле заменети со ефикасните дизел-мотори со директно впрскување. Појавата на посилни и поефикасни мотори, исто така, придонела и за потешки и подолги камионски композиции.

Еден од најпознатите Волво камиони на сите времиња е "Titan", кој бил воведен во 1951 година. Тој одиграл пионерска улога, како еден од првите камиони во светот што бил опремен со мотор со турбо компресија, во 1954 година. Резултатот бил вчудовидувачки: со зголемување на масата во возна состојба од само 25 kg, излезната моќност на моторот била зголемена за 35 KS (од 150 на 185 KS).

© copyright AB Volvo 2009