Крал на патиштата

Во 60-тите години на минатиот век, камионот конечно беше крунисан за крал на транспортот. Во голема мера, ова се должи на неговата флексибилност и на фактот дека веќе била поставена националната и меѓународната патна инфраструктура, којашто овозможила брз, безбеден и ефикасен камионски транспорт. Во Шведска, на пазарот биле пуштени и сертифицирани безбедни кабини.

Во тоа време, Волво го пушти на пазарот Titan TIPTOP/F88/G88. Значењето на овие модели на камиони за историјата на Volvo Trucks не може да се прецени. Нивната ефикасна навалена кабина даде подобар пристап до основните компоненти, во споредба со N камионот. Кабината тестирана за судири нудеше и многу добар простор за спиење и за престој на еден или на двајца возачи. Дополнително на сето ова беше и новиот мотор и компонентите на преносот и на шасијата.

© copyright AB Volvo 2009