Во 70-тите години на минатиот век се појави нова серија камиони кои го земаат здивот, серија што ќе го постави трендот на дизајнот на камионите во годините што следуваат: Volvo F10/F12 (и верзијата Globetrotter).
Во 60-тите, Волво создаде посебна деловна единица која имаше задача да ја зголеми безбедноста и да ја подобри ергономијата.
Најдраматичните резултати од ова беа камионите F10/F12, кои поставија сосема нови стандарди за ергономијата и за безбедноста. На пример, кабината беше монтирана на шасија со потпирање со пружини, создавајќи помеко опкружување за возачот, со што се елиминираше голем дел од болката во грбот. Новите F камиони имаа и огромни прозорци, што значеше подобра прегледност, дополнувајќи ја "активната безбедност" (т.е. намалувајќи го ризикот од сообраќајни незгоди).