Грижа за животната средина

Во 80-тите години на минатиот век, камионите станаа пософистицирани. Моторите станаа подобри, посилни и, пред сe, поеколошки. Зголемената употреба на системите за воздушно потпирање овозможи многу олеснувања за патиштата, стоката и за возачите.

Кога Волво ги воведе семејствата тешки камиони FL6 и FL7/FL10 во летото 1985 година, тоа претставуваше демонстрација на сила. Двете семејства камиони беа сосема нови, имаа иновативни карактеристики во споредба со другите камиони создадени од конкурентите во истиот индустриски сектор. FL7/FL10 камионите создадоа комплетно нова класа камиони, комбинирајќи ја ефикасноста и малата тежина на нивните претходници, F7, со опцијата за многу моќен 10-литарски мотор со излезна моќност од 318 KS.

© copyright AB Volvo 2009