Влез во информатичката ера

90-тите години на минатиот век беа деценија посветена на грижата за животната средина, производството на поефикасни комбинации на возила и, на крајот на деценијата, појавата на интеграцијата на ИТ-решенијата, како што е Volvo Dynafleet 2.0, кој на транспортните компании и на возачите им обезбеди инструменти што ја зголемуваат ефикасноста и безбедноста на секое патување.

За Волво се чинеше природно нашето дизајнирање да го базираме на наследникот на опсегот F10/F12/F16, бидејќи беше очигледно дека требаше да почнеме да планираме една сосема нова генерација мотори коишто ќе го наследат 12-литарскиот мотор.   Започна развојот на радикално новиот мотор, "D12" За првпат во Европа, еден голем дизел-мотор ги имаше принципите коишто претходно се наоѓаа главно во врвните мотори за спортските автомобили, вклучувајќи горна оска со брегови и четири вентили по цилиндaр.

© copyright AB Volvo 2009