Во новиот милениум, камионите и камионскиот транспорт ќе мора да исполнуваат повеќекратни барања. Иако ефикасноста на добриот транспорт и малите транспортни трошоци остануваат главни цели, и безбедноста ергономијата и еколошките карактеристики се наоѓаат на високо место на спиокот на приоритети.
На отворањето на Саемот за камиони во Амстердам, во февруари 2000 година, посетителите имаа можност по првпат да ја видат европската верзија на Volvo NH12 – возило со висока технологија, соодветно за новиот милениум. Овој камион е погонуван од ултрамодерниот Volvo D12C, електронски контролиран дизел-мотор со директно впрскување, и може да се испорача со комплетен Volvo Dynafleet 2.0, ИТ-уред.