Автоматскиот клима-систем

Тестовите покажуваат дека кога температурата е премногу висока, возачите се склони кон тоа да прават грешки и погрешно да ги проценат ситуациите. Со други зборови, климата има голем ефект врз вашата продуктивност и врз вашата безбедност како возач.

Но, потребно е повеќе од стандардна клима-опрема - само вентилатор и греалка или разладен уред - за да се создаде оптимална клима во кабината. Токму затоа ја развивме Волво електронската контрола на климата (ECC), прва од ваков вид, за нашите камиони.

Со ECC, сe што треба да направите е да го поставите контролното копче на посакуванaтa температура, а системот се грижи за останатото. ECC е најсовремен систем што ја следи температурата во и надвор од кабината, температурата на испарувачот, вртежите во минута на моторот на возилото и неколку други параметри. Неговиот термостат ја контролира температурата во кабината, дистрибуцијата на воздух, протокот на воздух и, соодветно на тоа внесот на свеж воздух.
 
Имајќи го на ум сето тоа, контролата на климата во кабината останува во ваши раце. Автоматскиот мод може да се исклучи лесно, со само едно притискање на копчето, исто како што се вклучува.

© copyright AB Volvo 2009