Кога зборуваме за сопирачки, електронскиот систем за сопирање (EBS) на Волво и патентираната технологија за диск-сопирачки ви дава особено висок степен на безбедност.
Со овој систем, поклопувањето на интеракцијата на сопричаките меѓу влечното возило и приколката е лесно, растојанието на сопирањето е покусо, стабилноста е подобрена, а држењето до патот за целата композиција е попрецизно, во споредба со конвенционалниот систем за сопирање.
Бидејќи цврстите дискови на сопирачките се направени од материјал што е посебно отпорен на топлина, тие - исто така - го намалуваат ризикот од ослабување на сопирањето по последователно силно сопирање и ја минимизираат веројатноста за искривување на дискот поради екстремни температури.
Дополнителни корисни карактеристики на EBS:
- Модулирање на притисокот поединечно по тркало или по оска
- Електронски пренос на наредбата за сопирање (од возачот или од некој друг) до поединечните тркала и до приколката.
- Пневматска поддршка
- Подобра реакција на сопирачките (чувствителност на сопирањето како кај патничките автомобили)
- Електронски контролирано одмерување на оптоварувањето и балансирање на силата на сопирањето
- Систем за сопирање без блокирање, систем за контрола на влечењето
- Контрола на силата во приклучувањето за подобра компатибилност на сопирачките меѓу влечното возило и приколката.
- Контрола на абењето на облошката при подолги периоди на користење
- Интегрирање на забавувачот