Да се остане на вистинската лента

Електронската програма за стабилност (ESP) е систем што ги средува работите во моменти кога камионот само што не го изгубил контактот со патот и не се зализгал или превртел. EBS дејствува спротивно на силите што настојуваат да го исфрлат камионот надвор од патот, преку интеракција меѓу електронскиот систем за сопирање на камионот, системот за управување со моторот и забавувачот, и со системот за сопирање на приколката.

Системот се состои од три сензори на влечното возило кои што го мерат аголот на отстапување, страничното забрзување и положбата на управувачот. Централната единица постојано ги пресметува влезните отчитувања и, кога тие не се совпаѓаат, по потреба поединечно се активираат сопирачките на едно или на повеќе тркала. Во исто време, моментот на вртење на моторот се намалува за да се намали брзината на движење, додека повторно не се постигне рамнотежа.

ESP е високоефективна во потенцијално опасни ситуации, како што се:

  • Преценување на границата на брзината во свијоци (на пр. свијоци што се стеснуваат, излези од автопати, градски премини)
  • Маневри за избегнување на пречки со ненадејно вртење на управувачот (на пр. управување од банкина назад на патот и зализгување)
  • Натоварена полуприколка во тесни свијоци на лизгава површина (превиткување на композицијата при свртување)
© copyright AB Volvo 2009