Добрата прегледност е од суштинско значење за способноста на возачот да ги идентификува и да ги избегне опасните ситуации. Кабините на Волво се дизајнирани така што ќе ви овозможат максимална прегледност на сите страни и имаат големи застаклени површини, моќни ветробрански бришачи и големи ретровизори.
Уште повеќе, користејќи ги ефективните фарови со сијалици со празнење со голем интензитет (HID), добиваме ефективно осветлување кое што наликува на дневна светлина, која е попријатна за вашите очи. HID сијалиците, исто така, траат подолго од обичните сијалици за фарови.
За да може да видите што се случува зад камионот, на пример кога возите наназад, на располагање ви стои и камера со интегриран екран, со поглед наназад.