Вашиот личен помошник при возењето

Дозволете ни да ви ја претставиме ACC (приспособлива контролата на крстарење), еден од нашите најсовремени нови вградени системи, дизајниран така што ќе ги намали факторите на стрес и ќе ја зголеми удобноста на возачот со примена на нова, интелигентна електроника.

ACC е систем што користи сензори за да открие дали вашиот камион премногу се доближува до возилото пред вас. Брзината на возилото се приспособува во однос на сообраќајот пред вас, со намалување на напојувањето со гориво и со примена на забавувачот и на моторното сопирање. Доколку забавувачот и моторното сопирање не можат да го сопрат камионот за да го спречат премногу брзо да му се приближи на возилото пред себе, возачот добива предупредување коешто му овозможува самиот да ги употреби сопирачките на возилото. Ова го намалува ризикот од одредени сообраќајни незгоди предизвикани од него.

Тука е и функцијата на копче за помош при тргнување на нагорнина, којашто му овозможува на возачот да го одржи притисокот на сопирачката додека го преместува стапалото од педалот на сопирачката на педалот за забрзување, кога тргнува на нагорнина. Ова не само што е погодно и релаксирачко, туку и ја подобрува безбедноста.

ACC се покажа особено корисен за долги превезувања што се одвиваат, во голема мера, по главни патишта и автопати, кои - се разбира - вклучуваат голем број фактори на стрес. ACC е и првиот чекор во развојот на она што ниe во Volvo Trucks го нарекуваме „Oдржување на безбедно растојание“. Во моментов, ние веќе ги преземаме следните чекори.

© copyright AB Volvo 2009