Најдобрата сообраќајна незгода, се разбира, е онаа што воопшто не се случила.
Токму затоа вложуваме големи напори за да се осигуриме дека секој камион му овозможува на возачот да биде во најдобрата можна положба за да ги избегне сообраќајните незгоди и потенцијално опасните ситуации.
Клучот на ова лежи во водењето сметка за здравјето на возачите - не само во вонредна ситуација, туку во секој миг што тие го минуваат во камионот. Истражувањето покажува дека во 90 % од сите сообраќајни незгоди човечката грешка е факторот што најмногу придонел за тоа. Сообраќајното опкружување придонесува во 30% од сообраќајните незгоди, додека дефектите на возилата во околу 10%. Во реалноста, една сообраќајна незгода најчесто се должи на повеќе од еден фактор.
Во Волво, ние сме вклучени во постојани истражувачки активности, со цел да го продлабочиме нашето разбирање за секој од овие фактори и, оттука, да бидеме во можност да продолжиме да создаваме камиони кои нема да ве доведат во опасност.
Користете го менито од вашата десна страна за да ги истражите бројните карактеристиките на камионот дизајнирани специјално за спречување на сообраќајни незгоди.