Безбедноста и удобноста се поврзани на многу начини. Удобното седење со јасен преглед и со лесен пристап до инструментите ви овозможува подобро да се концентрирате на сообраќајот што ве опкружува.
Дозволете ни да ви го претставиме Volvo I-Shift, интелигентен систем за менување на степените на пренос. I-Shift е дизајниран така што ќе го подобри возењето на вашиот камион со помош на електронски управуван мотор и автоматска трансмисија. Трансмисијата се менува лесно и нежно, приспособувајќи ја секоја промена на степенот на пренос кон тековните услови на возењето, при што електрониката на моторот и на менувачот ги контролира промените.
Степените на пренос можете да ги избирате последователно, исто како и во патничко возило со автоматски менувач, и лесно можете да се префрлите на рачно менување на степенот на пренос со рачката.
Резултатот е поголема удобност и безбедност и помалку стрес за вас како возач.