Некои луѓе сметаат дека безбедноста се состои во заштитувањето на возачите во вонредна ситуација. Тоа, сепак, е само еден дел од сликата што ние ја гледаме.
Се разбира, безбедноста на еден Волво камион се тестира постојано и прецизно - во нашите лаборатории, на испитните патеки и на патиштата каде што се користат камионите.
Но, фактот дека секогаш сме успевале да бидеме на првата линија во работата на безбедноста не се должи само на нашите пионерски безбедносни иновации. Тоа е резултат на тоа што нашиот концепт на безбедност се развивал во насока на тоа да ја заокружи безбедноста во поширок контекст: таа, исто така, содржи и лични, семејни и деловни вредности.