Линија за спасување на возачот

Доколку безбедносните ремени би биле само опција, ние би ги давале бесплатно. Тоа е само поради тоа што безбедносниот ремен со три точки е единствениот најсигурен систем за заштита што можеме да го обезбедиме: цврст и сигурен систем за задржување, кој го држи човечкото тело на место кога брзината на камионот одеднаш се намалува или кога возилото се превртува.

 Ременот на седиштето со три точки за возачот и за совозачот е стандардна опрема во сите камиони на Волво.

Правилно користење на безбедносниот ремен:
1. Стомачниот ремен треба да се намести над колковите – колку што е можно пониско – а не преку абдоменот.
2. Осигурете се дека раменскиот ремен е поставен на рамената и над градниот кош.
3. Не оставајте лабави делови – ременот треба да биде (удобно) затегнат.

На контролниот пулт светнува сијаличка за предупредување, за да ве потсети да го закопчате ременот доколку не сте го направиле тоа.

© copyright AB Volvo 2009