Помек допир

Во случај на судир, силата на којашто се изложува вашето тело е веројатно најмалку двапати поголема од тежината на целото ваше тело. Токму затоа, внатрешноста на кабината треба да ја апсорбира енергијата, со цел да се ублажи ударот на човечкото тело.

Во сите наши кабини, управувачот и контролниот пулт апсорбираат енергија, како и приборот во висина на колениците. Сите материјали на облогата се огноотпорни.

Дополнително, внатрешниот прибор - како што се микробрановата печка и кафематот - е дизајниран така што ќе биде цврсто прицврстен на структурата на кабината. Ова гарантира дека тие ќе останат на своето место во случај на судир или нагло сопирање.

© copyright AB Volvo 2009