Различната височина на камионите и на автомобилите отсекогаш претставувала безбедносен проблем во сообраќајот, особено во случај на директен судир.
Сега со гордост ви го нудиме решението во форма на Волво системот за предна заштита оздола (FUPS), што се монтира како стандардна опрема на моделите Volvo FH и Volvo FM.
FUPS спречува патничките автомобили да се забијат под предницата на камионот при директен судир и со тоа го намалува ризикот од сериозни повреди и ја зголемува стапката на преживување на патниците во автомобилот.
Гредата за заштита оздола служи како 200 mm длабока зона за смачкување, значително намалувајќи го продирањето во делот на автомобилот каде што се наоѓаат патниците. Со браникот на камионот, поставен на иста височина како и типичниот браник на автомобилите, зоната на деформација на автомобилот може да се искористи на најдобар можен начин.
FUPS е целосно интегриран во конструкцијата на кабината на FH и на FM сериите, но не им дава дополнителна тежина.