Безбедност - само напред

Како прв произведувач на тешки камиони во светот, Волво го воведе воздушното перниче за возачот во 1994 година.
Воздушното перниче е перница исполнета со гас која многу брзо се надувува и излегува од средиштето на управувачот при директен судир и со тоа го заштитува возачот од силите на удар во главата.

Нашето воздушно перниче е дизајнирано така што ќе ги намали повредите, спречувајќи возачот да удри со главата или со градниот кош во управувачот, контролниот пулт или во горниот дел од ветробранот. Тоа се активира само при сериозен директен судир, кога на возачот покрај безбедносен ремен му треба и дополнителна заштита за горниот дел од телото.

 Тоа функциоинира на следниов начин: Сензорите инсталирани во каросеријата на возилото реагираат на одреден вид директни удари и го активираат полнењето на воздушното перниче. Полначот моментално испраќа големо количество топол азот во перничето, полнејќи го во дел од секунда. Перничето го спречува движењето на главата и на горниот дел од телото на возачот. Една секунда подоцна, гасот набрзина се губи преку ситните дупки во перничето, за да не пречи понатаму.
 
Белешка: Со цел воздушното перниче да работи ефективно, од суштинско значење е секогаш да го ставате безбедносниот ремен. Воздушното перниче е дизајнирано така што ќе работи заедно со безбедносниот ремен, а не за да го замени.

© copyright AB Volvo 2009