Најчестото сценарио на сообраќајни незгоди вклучува превртување на камионот или директен судир. Во овој случај, како и во други сообраќајни незгоди во коишто кабината е удрена од надворешен предмет или пак удира во површината на подлогата, примарна задача на кабината е да ја пренесе енергијата наназад преку неа, со цел да се задржи доволно простор за преживување на лицата кои се наогаат таму.
За да се постигне тоа, рамката на кабината е направена од челик со голема цврстина и е зајакната на вратите и на предниот дел. И носачите на кабината се дизајнирани така што ќе дадат свој придонес во таа насока. Ова и овозможува на кабината да биде истуркана наназад, за да го минимизира продирањето и деформацијата којашто може да го повреди возачот.
Сите Волво кабини ги исполнуваат шведските стандарди за цврстина на кабината – инаку, најстроги во светот. Во овој пакет-тестови е вклучен и тестот со предно нишало, кој - меѓу другото - симулира судир со пречки на земјата при сообраќајна незгода со превртување. Да не го споменуваме и тестот со задно нишало, кој го симулира ударот на товарот што се откачил и удрил во задниот дел од кабината.