Повеќе информации за RSS

Што е тоа веб-снабдување?
Снабдување со вести од веб или RSS снабдување е веб сервис што автоматски ќе ве информира со најновата содржина од еден или од повеќе веб-сајтови по ваш избор - заштедувајќи ви време со тоа што веб сурфањето на постојано растечкиот Интернет ви го прави поефикасно.

RSS (Really Simple Syndication или „Навистина едноставна синдикација“) обично е означена со портокалова икона за снабдување и брзо станува стандарден Интернет формат за веб-снабдување, популарно на многу спортски и новински сајтови. Со RSS можете брзо и лесно да добиете дел од новите содржини, дури и ако не ја посетите веб-страницата. RSS ви овозможува да одите на едно место - вашиот читач за снабдување - и да ја скенирате целата најнова содржина од еден или неколку веб-сајтови.

Како до веб-снабдување?
Сè што треба да направите за да го користите овој сервис е да инсталирате RSS читач на вашиот компјутер. Има неколку вакви читачи на располагање. Некои од нив се софтверски програми што ги симнувате на вашиот компјутер, но ние ви препорачуваме да користите читач базиран на пребарувач. Читачите базирани на пребарувач се веб-сајтови што ги складираат обезбедените информациите и нивната содржина на ваша лична адреса, што е практично, на пример, доколку вообичаено одите на Интернет од различни компјутери.

Горе десно има избор од повеќе линкови до читачи базирани на пребарувач и до RSS читачи коишто може да се симнат.

Кога веќе ќе имате RSS читач, на него можете да го додадете снабдувањето од Volvo trucks.

ЗЕМЕТЕ ГО НАШЕТО RSS СНАБДУВАЊЕ

  1. Кликнете на линкот погоре
  2. Копирајте ја URL адресата
  3. Пренесете ја во вашиот RSS читач
© copyright AB Volvo 2009