ДОБАР ИСТО КАКО НОВ

Разменетите Volvo делови се оригинални користени Volvo делови, преработени и доведени до нивната оригинална состојба и понудени по одлична цена. Разменетиот дел ја има истата гаранција како и сосема нов дел.

Стриктни барања
Барањата за квалитет и за функционалност што се специфицирани за разменетиот дел се сосема исти со оние што се применуваат за соодветниот сосема нов оригинален дел.

Комплетна понуда
Волво има една од најшироките понуди на разменети единици на пазарот, и овој систем е во постојан развој. Меѓу разменетите единици што ви стојат на располагање ќе најдете сe - од компресори за воздух, контролни единици, мотори, редуктори и турбокомпресори, па сe до комплети за куплунзи и тахографи.

© copyright AB Volvo 2009