ДАЛИ ГИ ИМАТЕ ПРЕДВИД СИТЕ АСПЕКТИ?

Кога ви требаат резервни делови за вашиот камион, што друго ве интересира освен цената и својствата?

Ова се некои од особеностите за кои веруваме дека се важни:

Квалитет
Секако, суштински фактор е квалитетот на делот во однос на неговата функција и век на траење. Меѓутоа, на квалитетот влијаат и нивото на образование и обука на механичарите, расположливоста на сервисната мрежа и ефикасноста на логистичката мрежа.

Расположливост
Каде наоѓате делови за вашите модели камиони кои веќе не се произведуваат? Вашиот Volvo дилер може брзо да ги обезбеди деловите што ви се потребни за да го одржувате вашето возило во возна состојба - обврска што важи најмалку 15 години откако ќе престанеме да го произведуваме моделот.

Он-лајн набавка
Можете ли да ги нарачате деловите што ви се потребни, тогаш кога ви се потребни? Со он-лајн услугите, деловите и приборот можете да ги нарачате во секое време.

Гаранција
Веруваме дека дури и поединечните делови треба да имаат гаранција. Затоа, секоја штета што би настанала од оригинален Volvo дел е покриена, доколку делот е вграден од овластен сервис на Volvo.

Совршено одговара
Најдобро одговараат деловите што се направени специјално за вашата марка камион, а на тој начин се минимизира и времето поминато во сервисите.

© copyright AB Volvo 2009