Volvo Action Service нуди 24-часовна поддршка за поправка на возилото. Еден телефонски повик - при што ќе бидете услужени на јазикот на кој зборувате, каде било во Европа - и обучените сервисери на Volvo ќе тргнат кон вас.
Сервис од браник до браник
Благодарение на нашата ефективна контактна мрежа со над 1.000 Volvo дилери и снабдувачи низ цела Европа, Volvo Action Service обезбедува поддршка за сè што се однесува на вашиот камион, без оглед на тоа од која марка е возилото. Освен дефектите на моторот и на погонската група, ги решаваме и проблемите со каросеријата на камионот, приколката, единиците за ладење или за греење, гумите итн.
Проширена поддршка
Кога вашето возило или приколка не можат да бидат поправени навреме, за да ги завршите вашите комерцијални обврски, Volvo Action Service може да организира изнајмување на единица или на приколка, за да можете да продолжите со превоз на товарот. А доколку вашиот возач има тешкотии со властите, Volvo Action Service може да ви помогне околу локалното правно застапување.
Исто така, Volvo Action Service обезбедува итна финансиска помош доколку вашиот возач остане без пари поради неочекувани трошоци, како и негово враќање дома во случај кога е принуден да го остави возилото, на пример поради дефект или болест.
Накусо: повикајте го Volvo Action Service доколку вашиот камион се најде во неочекуван застој. Наскоро повторно ќе бидете во движење.