Развој на возачите

Подобри возачи, подобар бизнис
Зголемените цени на горивото и сè поголемите барања за возачите се причина обуката на возачите да биде поважна од кога и да е. Програмата на Volvo Trucks за развој на возачите ги оптимизира вештините на возачите, што резултира со намалена потрошувачка на горивото и побезбедно возење. Исто така, таа ги подобрува вкупните перформанси на операторите извлекувајќи го максимумот од нивните Volvo камиони и возачи.

Volvo Trucks развој на возачите
Се посветивме на тоа на возачите на Volvo камионите да им понудиме можност да ја зголемат нивната компетентност, да го подобрат нивното знаење за возилата и да добијат најсовремена обука што ќе ги исполни барањата на денешницата. Заедно со нашите дилери ви ја претставуваме Програмата на Volvo Trucks за развој на возачите за да се подобри ефикасноста и да се понудат подобрени професионални вештини, придонесувајќи на личниот развој.

Цели на Програмата на Volvo Trucks за развој на возачите:

  • Подобрена потрошувачка на горивото и помали трошоци на работењето 
  • Намалување на секојдневните ризици и зголемување на личната безбедност 
  • Подобрено секојдневно работно опкружување, намалување на стресот и на напрегањето на телото 
  • Подобрени професионални вештини, придонесувајќи на личниот развој 
  • Подобрено познавање за возилата 
  • Подобрено обезбедување на товарот и подобрена ефикасност на потрошувачката на горивото 
  • Задржување на предноста и исполнување на меѓународните прописи за обука на возачите
© copyright AB Volvo 2009