Превозот на хемиски материјали, како што се течности, гасови, прашоци и гранулати, подлежи на строги национални и меѓународни прописи. Има добри причини за тоа. Чувањето на животната средина, возачите и безбедноста на луѓето е од најголема важност при испораката на овие витални економски производи. А изборот на вистинскиот камион е важен исто колку и вештината на возачот и чувството за одговорност. Ние ги препорачуваме Volvo FM и Volvo FH.
Возилата се карактеризираат со:
- Робусна и лесна шасија за поголем капацитет на товарот
- Специјални фабрички подготвени возила со ADR-адаптација - европска спогодба за превоз на опасни стоки.
- Шасии со воздушно потпирање и опција на влечни возила со електронска програма за стабилизација - ESP
- Одлична управливост со I-Shift и иновации во поглед на безбедноста
- Менување на степените на пренос без прекинување на погонот
- Пригодност и безбедност во опасни средини