Citipro

Доколку превезувате единечна стока во мали или во големи пакувања, ние имаме решение за вас. Volvo FL CitiPro е комплетен камион, достапен во шест неметалик бои, комплетиран со фургон каросерија и со заден конзолен лифт. Можете да го нарачате и како комплетен бизнис-пакет. Тоа вклучува финансирање, превентивно одржување и поправки. Нов камион, подготвен за работа уште од првиот ден

  • Економичен 7-литарски турбодизел-мотор со моќност од 240 КС.
  • Скроен специјално за градска дистрибуција, со бруто-маса од 12 тони
  • Рачен серво-менувач со шест степени на пренос, со кој лесно се ракува.
  • Скроен специјално за градска дистрибуција
  • Голем капацитет, со зафатнина од 38 или 42 кубни метри (во зависност од пазарот)
  • Одлична способност за маневрирање, со прецизно серво-управување, мал круг на свртување и прегледност за управување на сите страни
  • Низок и погоден влез во кабината
  • Добро димензиониран заден конзолен лифт, со капацитет на кревање од 1.500 kg
  • Воздушното потпирање на задната оска и воздушното потпирање на возачкото седиште ги апсорбираат сите нерамнини на патот
© copyright AB Volvo 2009