Кабината на Volvo FL е внимателно конструирана за да ви овозможи да бидете целосно фокусирани на возењето. Седиштата се крајно приспособливи, прегледноста е одлична, а инструмент-таблата е јасна и лесно разбирлива.
Исто така, има и голем број дополнителни можности за да ја приспособите кабината според своите потреби. Ткаенините, преградите, декоративните ленти, светлата за читање и уште многу други работи можат да се приспособат кон вашите потреби.