Безбедност на кабината

Кабини безбедни при судар
Најчестото сценарио на сообраќајни незгоди вклучува директен судир или превртување. Кога кабината е удрена од надворешен предмет, нејзина примарна задача е да ја пренесе енергијата наназад, со цел да се задржи доволно простор за преживување во нејзината внатрешност.

Во Volvo Trucks темелно ги тестираме нашите кабини во серија секвенци, вклучувајќи го и тестот со предно нишало. Сите Volvo кабини ги исполнуваат шведските стандарди за цврстина на кабината - инаку, најстроги во светот.

Ја апсорбира енергијата на ударот
Во случај на сообраќајна незгода дејствуваат огромни сили. Силата на којашто се изложува вашето тело е веројатно најмалку двапати поголема од тежината на целото ваше тело. Лице кое тежи 100 kg, кога патува со брзина од 50 km/h, е изложено на сила од четири тони. Токму затоа, внатрешноста на кабината треба да ја апсорбира енергијата, со цел да се ублажи ударот на човечкото тело.

 

Во сите наши кабини, управувачот и контролниот пулт, како и декоративните ленти во висина на колениците, апсорбираат енергија. Сите ткаенини на облогата се огноотпорни.

Дополнително, внатрешниот прибор - како што се микробрановата печка и кафематот - е дизајниран така што ќе биде цврсто прицврстен на структурата на кабината. Ова гарантира дека тие ќе останат на своето место во случај на судир или при нагло сопирање.

© copyright AB Volvo 2009