Сопирачки

  • Стандардни пневматски сопирачки
  • Вентилирани дискови напред и назад
  • EBS блокирање погонувано со компресиран воздух
  • Дополнително моторно сопирање со издувните гасови
  • Дополнително сопирање со издувните гасови со компресивна сопирачка

 

Доверба во сопирачките на Volvo
Volvo FL има пневматски сопирачки со вентилирани дискови напред и назад. EBS (електронски систем за сопирање) е антиблокирачки систем за сопирање со дискови, кој електронски го контролира ефектот на сопирање. Тој, во сегашната стандардна форма, вклучува широк опсег на интелигентни функции кои значително ја подобруваат безбедноста и помагаат при возењето.

Сопирачките на тркалата можат да бидат дополнети со моторно сопирање коешто ги чува и го продолжува векот на траење на плочките и на дисковите на сопирачките. Можете да изберете еден од двата система на моторно сопирање: сопирање само со издувни гасови или сопирање со издувни гасови во комбинација со моќна компресивна сопирачка.

© copyright AB Volvo 2009