Рачен
Volvo FL е достапен со два рачни менувача: еден со 6 и друг со 9 степени на пренос. Менувачите се со серво-уред, лесни за ракување и со краток òд. Рачката е без вибрации, има краток òд и многу добар распоред на менување.
I-Sinc
I-Sinc -Интелегентна и нежна трансмисија со автоматско менување - ги прави дистрибутерските операции дури полесни. Вие можете да се посветите на безбедното возење, концентрирајки се на густиот градски сообракај.
Автоматски
Со автоматската трансмисија со 6 степени на пренос можете да ракувате непречено и удобно со копчињата на инструмент-таблата. AL306 е лесна за управување и заштедува гориво, затоа што моторот секогаш работи во неговиот оптимален опсег на број на вртежи. А при поаѓање, хидрауличниот конвертор на вртежниот момент обезбедува значителна влечна сила.
Автоматската трансмисија може да се специфицира за сите варијанти на моторот за Volvo FL.