Ве води кон оптимизирана потрошувачка на гориво
Намалувањето на потрошувачката на горивото е неизбежна работа кога станува збор за економијата во компанијата. А уште повеќе, кога се работи за животната средина. Ние во Volvo веруваме во придобивките од почистата технологија. Тоа е мисија којашто ја сфаќаме мошне сериозно. Само да ви дадеме пример: помеѓу 1980 и 2001 година, потрошувачката на гориво, при користење на дизел-мотор е намалена за околу 30%.
Сепак, покрај дизајнот на возилата и на моторот, потрошувачката на гориво за транспорт на стока со возила зависи од голем број фактори, како што е факторот на товарот, возачот, опремата и временските услови.
SCR технологија
Во Volvo Trucks веруваме дека технологијата со селективна каталитичка редукција(SCR) е најдобрата алтернатива за исполнување на Euro 5 легислативата за емисии. SCR се покажа како добра и сигурна технологија без ограничувања на излезната моќност и се употребува во Европа од 2004 година. Исто така, SCR претставува решение со најефикасна потрошувачка на горивото меѓу техниките што се на располагање за Euro 5 стандардот. Решението користи помалку гориво, нуди повеќе моќ а на ладењето и на системот за масло не се влијаело.