Други варијанти на кабини

Volvo FH Day Cab

Day кабина

Day кабината е наменета за транспорти во кои возачот не мора да преноќи во камионот.

Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.

Пакети за кабина
На располагање се неколку различни пакети за кабините. Пакетите содржат дополнителна опрема, како што се активните безбедносни системи на Volvo и модулот за придушување на внатрешните светла. Ова придонесува за комфорно и безбедно опкружување во кабината, како и за висока ефективност на возачот.

Простор за складирање
На двете страни на кабината има големи прегради за складирање, кои можат да се отворат однадвор и однатре.

© copyright AB Volvo 2009